Денеска ќе се знае петтиот член на ад-хок телото

Ад-хок телото на забљудување на работата на медиумите денеска ќе го избере петтиот член за кој е познато дека треба да биде Албанец.

Веќе е истечен рокот за пријавување на конкурсот за петти член на ад хок телото за медиуми. Денеска ќе се знае кој ќе го комплетира привременото тело кое треба да врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период.

Според договорот на четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ ги предложи Слаѓана Димишковска и Цветин Чилиманов, додека СДСМ, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски.

Петтиот член треба да биде од албанската заедница. За местото се борат Сефер Тахири, Бесмира Ејупи, Илир Ајдини, Ајат Реџепи, Даут Даути, Фитим Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков.

На 31 август, партиските лидери треба да излезат со конечен став, дали се исполнети условите за одржување на изборите.

 
 
24.08.2016 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега