Нови вработувања: По 40 години се гради рудник во Македонија

 

Првпат по 40 години во Македонија компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, стартува со изградба на својот рударски комплекс во Казандол,  Валандово, а станува збор за инвестиција  од 35 милиони евра. 

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација.  Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар. Ќе биде вградена современа технологија од  фински „Аутотек“ која нема да има негативно влијание на животната средина. Инаку, во првите седум години се очекуваат приходи од  близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно. 

Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани директно 100 лица, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат ангажирани 250 лица. Компанијата ќе работи според македонски закони и според нив ќе плаќа давачки. Проценетиот прилив на средства во Македонија од производниот капацитет е 20 милиони евра.

Покрај концесијата за Казандол компанијата има концесија и за Петрошница и за Плавуш.

Оваа компанија ќе значи многу и за Македонија и за регионот.

 

 
 
25.08.2016 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега