Помал број на склучени бракови во Македонија
Државниот завод за статистика објави колку бракови се склучени, колку разводи се случиле и колку деца се родиле во второто тримесечје од 2016 година. Евидентирани се 5.559 живородени деца, што е за 2,8 отсто помалку од истиот период минатата година, додека намалување од 1,6 отсто е забалежано и во бројот на умрените лица во второто тримесечје и изнесува 4.777, а од нив 55 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 782 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Во вториот квартал од годинава биле склучени 3.194 бракови, што е за 14,6 отсто помалку од лани. Во овој квартал се регистрирани и 279 разведени бракови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа