За 0,9 проценти повеќе работници во индустријата во првите седум месеци
Бројот на работници во индустријата во периодот јануари - јули годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,9 проценти, а е намален за 0,6 проценти во јули годинава споредено со јули минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во секторот „рударство и вадење камен“ бројот на работници во јули оваа година споредено со јули лани бележи пораст од 1,5 проценти, а опаѓање од 0,7 проценти во „преработувачка индустрија“ и 0,5 проценти во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули минатата година бележи пораст кај „енергија за 0,9 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,3 проценти, „капитални производи“ за 9,7 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за три проценти, а опаѓање кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 4,1 процент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа