Работилница „Поедноставени царински постапки, е-царина и ТИР-ЕПД“
Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ, СИЗ Македонија Сообраќај денеска во Струмица ќе одржат работилница за олеснувања во спроведувањето на царинските постапки, за олеснување на работењето на транспортните компании, како и испраќање на електронски пред-декларации.
Предвидено е работилницата да ја отвори директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.