Објавена листата: Ова се најголемите должници во Македонија
Управата за јавни приходи објави уште една листа со должници.
Тие имаат доспеани долгови до 31 мај 2016 година кои не ги платиле до 31 август , по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Меѓу должниците има јавни претпријатија и приватни фирми со различни дејности од цела Македонија.
На листата според зконот се ставаат оние компании и поединци кои имаат вкупен износ на долгот повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Ова е деветта листа на должници на УЈП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа