Нов обид на ад-хок телото да се донесе деловникот за работа

Привременото тело за регулација на медиумите денеска треба да има нов состанок на кој ќе се обидат да го усвојат деловникот за работа. Ад-хок телото одамна е комплетирано, но е блокирано и не може да ја извршува својата работа.

Деловникот за работа е важен во системот на одлучување кога гласовите се изедначени или, пак, кога треба да се донесе одлука за казнување на медиумите.

Останува денеска да се види дали ќе се одлучува со просто мнозинство или, пак, со најмалку три гласа „за“ во случај кога сите членови на телото не се присутни на состанокот.

 
 
13.09.2016 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега