Ахмети се сретна со Шведскиот Амбасадор Стафансон

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денес во Тетово на средба го пречека г.Матс Стафансон, Амбасадорот на Шведска во Македонија.
 
Претседателот Ахмети и Амбасадорот Стафансон разговараа за актуелната политичка ситуација во земјата, предвремените избори, интегративните процеси на земјата и односите со соседите.
 
Лидерот на ДУИ Ахмети истакна дека земјата се соочува со политичка криза уште од бојкотот на парламентот од страна на опозицијата во 2014 година и до денес, и со тоа се надева дека политичките лидери ќе застанат во одбрана на својот потпис за ставање крај на кризата преку одржување на предвремени парламентарни избори со учество на сите.
 
Соговорниците исто така, разговараа за надминување на споровите со соседите, особено потребата за решавање на спорот за името како главна пречка за интеграција во НАТО и ЕУ.
 
Шведскиот амбасадор изрази интерес и за меѓуетничките односи каде што Претседателот Ахмети зборуваше за духот на Охридскиот Договор и потребата за заокружување на службена употреба на албанскиот јазик како и правична и адекватна застапеност.
 
Г.Ахмети истакна дека ДУИ има стратешко партнерство со меѓународната заедница во остварувањето на нашите заеднички цели, интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.
 
 
13.09.2016 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега