„Дневник“: Лица од Шарената револуција ќе бидат високо на листите на СДСМ, тие демантираат

НСДП и ЛДП ќе бидат жртви на трансформацијата на Шарените од револуционери во политичари.

Извори од Бихаќка за Сител потврдуваат дека е повеќе од извесно дека партиите на Петковски и Милевски ќе имаат по најмалку 1 добитно место помалку на листите во однос на изборите во 2014та.

Според истите извори, се прават калкулации и дали сите 4 пратенички места за овие две партии да се распределат на позициите кои гарантираат место во Собранието или пак секоја од партиите да ризикува со по еден кандидат под 7та позиција на листата.

На ова уште пред една недела предупреди Тито Петковски кој му порача на Заев да биде галантен на сопствена сметка.

Од СДСМ официјално демантираат дека воопшто се разговара за кадровскиот состав кој ќе истрча на изборите

И додека СДСМ демантира, Дневник повикувајќи се на висок партиски функционер објавува дека веќе се познати и имињата членовите на Шарената револуција и соросовиот невладин сектор за кои Заев резервирал столче во Собранието.

Според весникот, во игра се Уранија Пировска, Пвле Богоевски, Симона Спировски и Марјан Забрчанец, а се разгледува и можноста во шестата изборна единица дури и како носител да се појави довчерашниот новинар Мухамед Зекири, што предизвикало огромен револт кај членството кое смета дека ова место треба да биде резервирано за луѓе од општинската организација во Тетово.

Ваквиот развој на настаните отвори простор за остра дебата меѓу членовите на СДСМ и луѓето од невладиниот сектор во која не се штедеа навреди и разни етикетирања.

Од СДСМ денеска реагираа и ги демантираа информациите на Дневник со коментар дека ја претставувале паниката на власта од широкиот демократски фронт кој опозицијата го подготвувала.

 
 
13.09.2016 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега