Бајер го купи Монсанто за неверојатни 66 милијарди долари
Германскиот фармацевтски гигант Баер ќе ја превземе американската ГМО компанија Монсанто.
Договорот вреден 66 милијарди долари е најголемото корпоративно превземање во последните две децении.
Последната понуда на Баер е дадена во вторникот, а постигнатиот договор ќе го направи Баер најголемиот светски производител на пестициди и семенски материјал, кој ќе стане нов лидер на пазарите во САД, Европа и Азија.
Продажбата е заклучена по повеќе од четиримесечни преговори.
Компанијата Баер произведува семиња, како и хемикалии против коров и инсекти, но попозната е по своите фармацевтски производи, како Аспирин.
Монсанто првенствено е познат по своите генетски модифицирани семиња, вклучувајќи пченка, соја, памук, пченица и шеќерна трска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа