Чичаковски: Надминувањето на изборниот праг го доведува во прашање еднаквото право на глас

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски смета дека надминувањето на законскиот праг на број на гласачи во изборните единици во земјата го доведува во прашање еднаквото право на глас. 

- Надминувањето на прагот од +/- 5 отсто дефинитивно го доведува во прашање еднаквото право на глас на сите граѓани во Република Македонија, изјави денеска Чичаковски, кој беше на средба со претседателот и членовите на Агенцијата за медиуми.

Засега нема информации ниту од Министерството за правда ниту од партиите дали до распуштањето на Парламентот ќе има предлог за прекројување на изборните единици.

Изборниот законик предвидува бројот на запишаните гласачи во шесте изборни региони во Македонија да не отстапува повеќе од пет проценти. Според последните податоци на ДИК, во Шестата изборна единица запишани се 310.721 гласач и има отстапување од 5,28 отсто.

 
 
14.09.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега