Каде ќе завршат милиони евра од новото училиште кое го најавува Жерновски?

 

Општина Центар и Андреј Жерновски ќе плаќаат два до три пати повисока цена за училиште од вообичаената. Изградбата на училиштето „Капиштец“ во Центар ќе чини неверојатни 4,8 милиони евра, што претставува предимензионирана цена и чини речиси три пати повеќе од училиштата кои ги гради државата.

 На крајот од септември или почетокот на октомври ќе почне изградбата на новото основно училиште во скопската населба Капиштец, каде градежното земјиште е веќе целосно расчистено, со што се создадени услови за почеток на градбата. Основното училиште „Капиштец“ ќе се гради врз основа на архитектонското решение на Бесиан Мехмети, Стефан Атанасовски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи, а инвестицијата изнесува околу 4,8 милиони евра.Во новото училиште ќе учат 500 ученици на возраст од 6 до 15 години.

Ваквата цена е за три пати поголема од просечното чинење на училиштата кои ги гради државата. Имено, просечно помеѓу 1 и 1,5 милиони евра чини ново училиште, додека Жерновски ќе плати 4,8 милиони евра, односно над 300 милиони денари.

Повеќе примери покажуваат дека цената која ќе ја плати Општина Центар е навистина преголема. Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода е со вредност од 75 милиони денари, капацитет за 600 ученици, по 300 во смена.

ОУ „Страшо Пинџур“ во Вевчани е изградено за вредност од 65 милиони денари со капацитет за 600 ученици, по 300 во смена. Изградбата на ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром чинеше 130 милиони денари со капацитет за 800 ученици, по 400 во смена. Цената на изградбата на СУГС „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари е со вредност 85 милиони денари, капацитет за 800 уценици, по 400 во смена.

Поради сето ова, во јавноста се поставува прашањето каде ќе завршат милиони евра од новото училиште кое го најавува Жерновски, бидејќи очигледно истото е со предимензионирана цена и ќе чини два до три пати повеќе од училиштата кои ги гради Владата.

 
 
14.09.2016 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега