„Да се стопира антимакедонската еуфорија предводена од Заев и тој да си поднесе оставка“

Нашинците од повеќе делови на Австралија му порачуваат на Зоран Заев дека работи на штета на Република Македонија и дека со двојазичноста ја редефинира и уништува земјата, пишува Курир.мк

Македонската заедница од Нов Јужен Велс со седиште во Сиднеј остро ја осудува изјавата на Заев дека е подготвен доколку дојде на власт да воведе двојазичност во сите градови на Македонија.  Тие бараат и оставка од лидерот на СДСМ.

-Следејќи ја будно политичката ситуација во татковината, изразуваме голема загриженост гледајќи како од преголема желба да дојде насилно на власт се продава националниот интерес на македонскиот народ и се тргува со македонскиот јазик. Ние сме мигранти во една демократска земја Австралија во која се зборуваат многу јазици, но еден е официјален. Неодамна во Австралија пратеник на Сенатот беше фатен како бил финансиран од кинески бизнисмени. На ова реагираа сите партии и тој поддаде оставка зашто го продаде националниот интерес.На ист начин треба да реагираат сите Македонци без разлика на партиската припадност кои го поддржуваат Заев и нивната реакција треба да биде иста: ОСТАВКА ЗА ЗАЕВ, наведуваат тие во своето соопштение.

sidnej-ostavka

 
 
17.09.2016 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега