Најголем сајбер напад во историјата: Хакирани 500 милиони мејлови - проверете дали и на вас ви се украдени податоци

 

Компанијата Yahoo потврди дека хакерите украле лични податоци од најмалку 500 милиони корисници на овој сервис.

Компанијата верува дека позади нападот стојат хакери кои го „спонзорирала “ државата. Во соопштението се наведува дека нападот се случил на крајот на 2014 година.

-Информациите за налозите кои се украдени можат да вклучуваат имиња, и-мејл адреси, телефонски броеви, датуми на раѓање и одговори на тајни прашања кои се користат за ресетирање на лозинки, истакнуваат од Yahoo.

Тие на своите корисници им советуваат веднаш да ги промент лозинките и безбедносните прашања, како и да ги прегледаат налозите за сите сомнителни активности.

Најважната работа, од компанијата истакнуваат дека податоците за банкарските сметки и кредитни картички најверојатно не се украдени.

Првите информации за овој голем напад се појавија уште во август, кога хакерска група по име „Peace“ тврдеше дека продава податоци за 200 милиони корисници на Yahoo.

Компанијата на споменатите шпекулации кажа дека активно ги истражува овие тврдења, но два месеца подоцна излезе дека работата е многу полоша.

 

 
 
23.09.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега