„Фајненшл тајмс“: Нa Грција можеби ќе и бидат потребни уште 11 милијарди евра помош

 

Грција можеби наскоро ќе биде принудена да побара дополнителна финансиска помош од Европската унија од 11 милијарди евра, пишува денеска весникот „Фајненшл тајмс“. 

- Потребно е да се разгледа и можноста за големи отпишувања на кредитите, доставени од ЕУ до Атина, со цел да се намали задолжувањето на Грција до разумни граници, нагласува весникот, цитирајќи експерти од Меѓународниот монетарен фонд.

Весникот додава дека на седницата на раководството на ММФ оваа недела претставникот на Бразил бил воздржан при гласањето за следната транша од 1,8 милијарди евра од меѓународната помош за Грција.

ФОТО: Региони.мк

 

најчитано сега