Нови прислушувани разговори на Фејсбук - ДУИ бара апсење

Неколку стотици фајлови со нелегално прислушувани разговори претежно на функционери на владејачката ДУИ повторно се ставени на социјални мрежи каде што може да ги слушаат сите заинтересирани лица. На снимките може да се слушнат разговори меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери, меѓу Џафери и пратеничката Ермира Мехмети, меѓу Муса Џафери и извесен Kорошевиќ...

Како што пишува Дневник, очигледно целната група и на овие нелегални снимки пуштени во јавноста се високите функционери на ДУИ, вклучително и на лидерот на партијата, па токму Али Ахмети за Дневник вели дека ова е уште една потврда дека е компромитиран целиот процес и ги повикаа институциите СЈО, ЈО, МВР, Дирекцијата за заштита на личните податоци да си ја вршат работата.

-Неофицијално и најновите снимки се врзуваат со Захир Беќири-Чаушот, кој беше уапсен за случајот „Фабрика за афери“ и за косовското подземје. Освен снимките со нелегално прислушуваните разговори, објавени се и принт- скринови. Засега нема информации дали станува збор за фајловите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев тврдеше дека и ги предал на специјалната обвинителка Kатица Јанева, пишува весникот.

Повеќе на Дневник

 
 
27.09.2016 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега