Ништо од девалвација на денарот
По срамниот обид на дел од медиумите кои се под контрола на СОРОС и опозицијата да предизвикаат криза во државата објавувајќи шпекулации за наводна девалвација на денарот, од НБРМ информираат дека граѓаните почнаа да се враќаат на штедењето.
„Во услови на домашна политичка нестабилност, во вториот квартал од 2016 година, активата на банкарскиот систем забележа пад од 1,5%, којшто беше особено изразен во април и мај, кога влошените очекувања на економските субјекти доведоа до повлекување депозити од банките. Овие движења, проследени со шпекулативниот раст на побарувачката за девизи на менувачкиот пазар, ја наметнаа потребата од зголемување на каматната стапка на благајничките записи и на стапката на задолжителна резерва за обврските на банките во денари со девизна клаузула. Воедно, Народната банка повторно им овозможи на банките да пласираат девизни депозити по позитивни каматни стапки. Како резултат од овие мерки на Народната банка, падот на депозитите на домаќинствата сопре, и од јуни повторно бележат раст“, пишува во извештајот од Советот на Народната банка.
Во извештајот се вели дека акцијата за креирање на криза немала ефект врз растот на кредитите
„Поради високиот износ на ликвидни средства насобрани во претходните периоди, намалувањето на депозитите во вториот квартал немаше позначителни преносни ефекти врз кредитите на банките. Кредитите забележаа солиден квартален раст од 2,4 проценти, со што годишниот раст изнесуваше 8,2 проценти“, констатира НБРМ.
На почетокот од годинава медиумите кои важат за блиски до опозицијата секојдневно објавуваа информации за тоа дека веќе нема девизи во менувачниците и дека се подготвува девалвација на денарот. Тие сеа страв меѓу граѓаните во надеж дека ќе ги исплашат до таа мера за тие да почнат да ги повлекуваат депозитите од банките.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа