Индустриското производство од почетокот на годината со раст од 5,5 проценти

 

- Индустриското производство во август годинава бележи раст од 5,2 отсто во однос на август лани, а од почетокот на годината заклучно со август има зголемување за 5,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. 

Според објавените податоци, индустриското производство во август годинава, во однос на август лани во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 10,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,9 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, на текстил, на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1 отсто, Капитални производи за 60,8 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 69,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6 отсто

 
 
30.09.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега