Пратениците гласаа против измени во законите за СЈО

Собранието на Република Македонија на денешната 123-та седница ги разгледуваше предлог-измените на законите по скратена постапка за Специјалното јавно обвинителство и за заштита на сведоци. 

Измените добија поддршка од само 30 пратеници, додека останатите гласаа против, со што предлог-измените не добија поддршка во Собранието.

Станува збор за Иницијатива за измени на законите кои специјалната обвинителка Катица Јанева ги достави во Собранието уште во април, со кои се бара продолжување на рокот за работа на СЈО, и измени на законот за заштитетни сведоци со кои се овоможува на јавните обвинителства самостојно да можат да предложат и да преземат мерки за заштита на сведоци.

 
 
04.10.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега