ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ веќе не може да избега од избори, ќе се соочи со народот

Целата јавност беше сведок дека токму ВМРО-ДПМНЕ инсистираше и инсистира на избори како единствен начин за излез од кризата во која СДСМ ја втурна Република Македонија, стои во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ на денешното пишано соопштение од СДСМ.

Во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ се потсетува дека се прочисти избирачкиот список и тој, се подвлекува, е речиси идентичен со списокот од кој СДСМ загуби со 200.000 гласови разлика пред две години. Формирано е и ад-хок тело.

- Бегање од избори за СДСМ веќе нема. Целата јавност беше сведок на измислените оправдувања на СДСМ за бегање од избори околу наводните 500.000 фантоми во избирачкиот список и нефункционалноста на АВМУ, се вели во реакцијата.

СДСМ ќе мора да излезе на избори на 11-ти декември да се соочи со народот, порачуваат во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ.

- Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ ќе мора да го видат и доживеат мислењето на граѓаните за двегодишната криза во која што ја втурнаа земјата. Ќе мора да се соочат со казната од граѓаните за сета деструкција и за блокирањето на сите процеси и проекти кои го подобруваат животот на секој човек во Македонија, стои во пишаната реакција од ВМРО - ДПМНЕ. 

 
 
07.10.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега