1.000 работни места: Германски „Костал“ почнува со производство во Македонија

 

Германската компанија Костал денеска ќе го означи почетокот на производството во Македонија.

Капацитетот е лоциран во Охрид, како браунфил инвестиција во поранешен ЕМО во село Косел. Подоцна се планира да изгради и сопствен капацитет. Најавено е реализација на 1000 нови работни места.

Костал е семејна фирма и познат снабдувач со напредни електронски технологии, електромеханички и мехатроничи производи за големи индустриски капацитети. Присутна е на 38 локации во 17 земји.

 
 
10.10.2016 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега