Заглавен 10 милиони евра - ова се најголемите должници во Македонија
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.10/2016 за долгови доспеани до 30 јуни 2016 година и неплатени до 30 септември 2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Должници се Македонски шуми, јавни претпријатија од повеќе градови, приватни фирми и други. На повеќето листи има субјекти кои се повторуваат и кои не ги подмириле своите долгови кон УЈП.
Се работи за долгови повисоки од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисоки од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка. Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа