Од непознати причини излетал од патот - возачот заврши на Ургентно каде лекарите се борат за неговиот живот

Сообраќајна несреќа се случила вчера околу 17,15 часот на регионалниот пат село Радиовце - село Брвеница во близина на земјениот пат за реката вардар. Во несреќата учествувало возило со марка „Цитроен Берлинго“ со тетовски регистерски таблички управувано од 29-годишниот С.У од село Теново - тетовско кое излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.У кој по укажаната лекарска помош во ургнетниот центар во Тетво бил препратен во Ургентниот центар во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување, додека соптникот Е.И (29) од истот село, по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување. Увид на местото извршила екипата од полициската станица Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 
 
16.10.2016 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега