Регулаторна одлучи: Од полноќ возиме поскап бензин

 

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 1,5 денари, а Еуросупер БС 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, литар Еуросупер БС 95 ќе се продава за 63 денари, а Еуросупер БС 98 за 65 денари. Новата цена на литар „Еуродизел (Д-ЕV) e 50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 38,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 HC  се зголемува за 1,67 денари и килограм ќе чини 24,078 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 4,36 проценти. 

РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената врз основа на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и односот на  курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

 
 
17.10.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега