Пресврт: Студентот од Битола лажел дека се избодел со нож - преживеал хорор

Битолчанец пријавил во полиција дека се избодел на нож поставен на неговиот кревет, по што завршил во болница. Ова пријавување било лажно бидејќи момчето всушност доживеало хорор, па се плашело да ја каже вистината.

Момчето раскажало дека додека се движело во 21 часот, по улицата „Сотир Брбевски“ било пресретнато од страна на непознато лице кое му побарало пари. Откако му рекол дека нема истиот му се заканувал дека ќе му ја запали куќата и го навредувал со погрдни зборови по што момчето започнало кавга.

Непознатото лице почнало да го влече момчето и да го удира со раце во пределот телото. Тој се повлекол и заминал во студентскиот дом во собата на неговите другари, каде почувствувал болка во левото рамо, при што кога се соблекол забележал крв. Се обиделе да го сопрат крварењето, а потоа со такси возило го однеле во Клиниката во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Истиот пријавил „Самоповредување“ бидејќи бил исплашен од настанот. 

Се трага по насилникот.

 
 
19.10.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега