Битола: Малолетник избоден во градите среде улица

29-годишниот А.П. од Битола  околу 21 часот пресретнал седумнаесетгодишник од Битола и му побарал пари. Откако  тој не му дал пари започнала вербална расправија во која физички го нападнал, а потоа со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на градниот кош. На 19. месецов  полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени четири џебни ножеви, две лулиња и дробилка со остатоци од непозната растителна материја.

 
 
20.10.2016 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега