ВИДЕО: Ова е напаѓачот на новинарот на Телма

32 годишниот скопјанец Коста Попризов е лицето кое вечерва околу 21,20 часот пред влезната порта на МВР физички го нападна репортерот на Телма Павле Беловски кој во тој момент беше на извршување на професионалната задача-очекување на резултатите од истрагата што СЈО ја спроведуваше во УБК, покажуваат првите сознанија од истрагата на МВР. Во инцидентот кој е регистриран од камерата на ТВ Телма, нашиот новинар не е повреден а напаѓачот веднаш бил приведен од полицијата која брзо реагираше со оглед на фактот што нападот се случил пред самиот влез на МВР. Според неофицијалните информации од полицијата Попризов има две кривични пријави, за напад на овластено службено лице и за загрозување со опасно орудие при тепачка.

 
 
21.10.2016 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега