Ахмети во предизборна радикализација: Многу брзо ќе дојде времето кога Македонците ќе бидат малцинство

 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им порача на Социјалдемократите дека немаат право да ги бараат албанските гласови на претстојните избори.

Ова , како што објави телевизија Телма, Ахмети го изјави  пред подмладокот на партијата, вечерва во скопски Чаир.

Ахмети рече дека СДСМ за гласовите на Албанците  доцнат цели 15 години и запраша.

- Каде беа пред 15 години , кога младите Албанци се убиваа само за да учат на албански јазик ? А сега, сакаат да владеат со помош на албанските гласови -  рече Али Ахмети.

 ДУИ не гледа сојузник во ниту една од македонските партии туку нејзин сојузник  е албанскиот народ.

Зборувајќи за однесувањето кон Албанците во Македонија, Ахмети беше радикален, велејќи дека, ќе дојде време кога Албанците ќе се борат против некоја неправда што му е направена на Македонец, кога Македонците ќе бидат малцинство. Потенцираше и дека е убеден дека тоа време ќе дојде. И говорот на претседателот на подмладокот, Куштреф Ала, изобилуваше со националистички пораки, а во еден момент ја нарече Македонија – Илирида.

 
 
31.10.2016 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега