Тодоров: Граѓаните не ги сакаат фантомските лаги на СДСМ - казната доаѓа на 11 декември
СДСМ две години ја држи Република Македонија во заложништво измислувајќи причини за да избега од изборното соочување, затоа што знае дека на изборите ќе биде поразен катастрофално и изборите ќе значат крај на кризата во која што аболицираниот Заев ја втурна државава.
Една од главните причини со кои Заев го правдаше својот катастрофален рејтинг и бегањето од избори беа лагите и манипулациите со избирачкиот список. СДСМ две години ја лажеше буквално македонската јавност дека избирачкиот список имало половина милион фантоми.
Потоа раководството на СДСМ измисли дека на списокот имало 450.000 фантоми, па измислија дека имало 300.000 фантоми. Од ден во ден лицитираа со различни бројки, со нови бројки за на крај да дојдат до измислени 150.000 фантоми со кои наводно се обидуваа да го оправдаат поразот на изборите во 2014-та година. После почнаа да вршат дополнителни притисоци со нови лаги дека немало повеќе од 1,5 милиони гласачи. Сите се сеќаваме на тоа. Тоа се јавни искажани зборови од раководството на СДСМ, вклучително и највисокото раководство. Срамно и потценувачки кон сите граѓани на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ за цело време имаше кристално јасен став. ВМРО-ДПМНЕ цело време јасно им порачуваше: Не е до измислените фантоми. Престанете да го понижувате и да го лажете сопствениот народот. До Вас е. Народот не ја сака деструкцијата што ја промовирате. Народот сака просперитет и проекти. Затоа и губите на избори. И затоа повторно ќе загубат.
Ние бевме сигурни дека порано или подоцна лагите или манипулациите на СДСМ ќе излезат на виделина. Затоа им побаравме да предложат методологија за прочистување на избирачкиот список како што тие мислат дека треба или како што тие сакаат.
Избирачкиот список се прочисти по нивната методологијата. По методологијата што ја одбра СДСМ. Според официјалните податоци на Државната изборна комисија на избирачкиот список има 1.783.215 гласачи или 3.087 повеќе во однос на бројот на гласачи во 2014-та година. Како меур од сапуница ги снема лагите и тврдењата на СДСМ.
Значи нема ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми. Има само уште една огромна лага на СДСМ. Има и луѓе кои се избришани од избирачкиот список заради нивната методологија. И тоа станува збор за луѓе коишто се јавни личности и добро познати на македонската јавност. И коишто досега имале и имаат право на глас и веројтно гласале во минатото.
Она што е многу значајно да го знае секој, еден македонски граѓанин е следното: Кој еднаш лажел, ќе лаже повторно. СДСМ лажеше за по еден вработен во секое семејство, сега лаже за половина милион фантоми. Народот не сака лаги. Народот е против кризата којашто ја наметна СДСМ. На 11-ти декември народот ќе гласа против лагите на СДСМ, против кризата, против Заев и против СДСМ. На 11-ти декември народот жестоко ќе ги казни и Заев и СДСМ.
(Интегрален текст од прес конференција на Никола Тодоров, ВМРО-ДПМНЕ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа