Заев го радикализираше Ахмети: ДУИ бара двојазичност на целата територија за да влезе во коалиција
Али Ахмети ќе бара нов рамковен договор за коалиција по изборите на 11 декември. Според она што го кажа Ахмети пред младината на ДУИ, тој на коалициониот партнер за новата влада ќе му испорача барање за двојазичност на целата територија на Македонија како и консензуалност во несење на одлуките.
Ахмети изјавил дека нема намера да прави компромиси како по претходните и дека без инсталирање на бинационална држава, интегративците нема да влезат во новата Влада
СДСМ е единствената македонска партија која нуди двојазичност на целата територија на Македонија. Експертите велат дека понудите на Заев го принудиле Ахмети да се радикализира пред изборите, бидејќи како што велат, тој не може да си дозволи некој да биде поголем Албанец од него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа