Чавков: Наместо да ми се заблагодари Јанева безобразно лаже

Директорот на БЈБ, Митко Чавков, во интервју за „Република“ ја обвини специјалната обвинителка Катица Јанева дека безобразно лаже дека е опструирана.

-Зна­е­те де­ка има­ше ре­ак­ции за мо­е­то по­ја­ву­ва­ње во Упра­ва­та за без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње, се по­ја­вив за­тоа што беа ин­вол­ви­ра­ни при­пад­ни­ци на Би­ро­то за јав­на без­бед­ност, осо­бе­но при­пад­ни­ци на дел од еди­ни­ца­та „Ал­фи“ и мо­ја­та ре­ак­ци­ја за пов­ле­ку­ва­ње на спе­ци­јал­ци­те во тре­нер­ки, кои во тој мо­мент дејс­тву­ваа ка­ко па­ра­по­ли­ци­ја, бе­ше клуч­на во по­пре­чу­ва­ње­то на еска­ла­ци­ја­та. Ка­ти­ца Ја­не­ва на­ме­сто да ми би­де бла­го­дар­на за мо­јот при­до­нес во на­ма­лу­ва­ње­то на тен­зи­и­те кои тие ги пре­диз­ви­каа, без­об­зир­но ја ла­же­ше јав­но­ста де­ка има оп­струк­ции, а вр­вот на ла­ги­те бе­ше неј­зи­на­та из­ја­ва де­ка ме из­бр­ка­ла од про­сто­ри­и­те на Упра­ва­та за без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње, што ап­со­лут­но не ко­рес­пон­ди­ра со ви­сти­на­та, но и тоа збо­ру­ва за неј­зи­ни­от ли­чен и про­фе­си­о­на­лен ин­те­гри­тет, вели Чавков во интервјуто.

На крајот додава дека гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе го до­не­сат об­је­ктив­ни­от суд за по­стап­ки­те на си­те но­си­те­ли на од­го­вор­ни функ­ции.

 
 
01.11.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега