Пожар кај Градските гробишта во Пехчево

Пожар ги вознемири граѓаните на Пехчево, објект целосно изгорен.

Вчера околу 20:35 часот во Пехчево, во близина на градските гробишта, избувнал пожар во објект од тврда градба во кој престојувале Х.Ч. (47) и неговата сопруга Х.А., двајцата од Пехчево.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово, но и покрај тоа објектот целосно изгорел.

Во пожарот нема повредени лица, a увид ќе се врши денес по што ќе биде утврдена и материјалната штета.

 
 
01.11.2016 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега