Општина Пробиштип наредната година ќе добие нова општинска зграда

Пред зградата на домот на културата во Пробиштип градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски го претстави новиот проект за реновирање на зградата во соработка со Република Бугарија. Овој проект е во влупна вредност од околу 158.000 евра за општина Пробиштип и нешто повеќе за општината Рила и се очекува да биде готов следната година.

-Со проектот се опфатена целосна конструкција на кровот на оваа зграда, поставување на комплетно нови врати и прозори и исто така на фасада која е енергетски ефикасна со изолација. Исто така ќе има и сончеви колектори за загревање на водата во зградата и со овој проект ќе направиме услови  за втората фаза од овој проект а тоа е внатрешното уредување, изјави Тоневски.

Тој потенцира дека овие средства ќе бидат обезбедени во наредниот буџет на општина Пробиштип и по реконструирањето општината планира да се пресели во оваа зграда.

-Канцелариите каде што престојува во моментов општинската администрација се во наша сопственост но се поделени во две згради, во едната зграда се присутни повеќе министерства со што ја отежнуваме услугата која што ја нудиме кон граѓаните, односно ги шетаме од една во друга зграда. Новата зграда е сосема соодветна и во наредната година се надевам дека општината Пробиштип ќе биде преселена токму во оваа зграда.

 
 
01.11.2016 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега