Тодоров: Немаат кредибилност ветувањата на СДСМ за покачувањето на платите на лекарите

Немаат кредибилност ветувањата на СДСМ за покачувањето на платите на лекарите, рече денеска министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање.

-Опозицијата е јака на вилица, тоа добро го знаеме. Секогаш знаат да ветат нешто, а никогаш тоа не го реализирале. Најдобар одговор на тоа е да се запрашаме: Дали некогаш претходно ги покачиле платите? Имале можност, биле во позиција да управуваат и со Министерството за здравство и со Владата и никогаш не ги покачиле платите на лекарите. Напротив, спротивно на тоа што они го зборуваат ние веќе сме го направиле. За 25 % се покачени платите и на докторите во Клиничкиот центар во Скопје и на докторите во сите општи болници . Покачена е платата и на специјалистите во Здравствените домови и на докторите во Итната медицинска помош, рече Тододров.

Министерот посочи дека примањата на еден доктор специјалист во болниците низ Македонија се движи во овој момент некаде околу 50 до 60.000 денари и треба само да се спореди платата со времето кога СДСМ биле на власт. Потенцираше дека немаат кредибилност  ветувањата на СДСМ.

 
 
02.11.2016 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега