СИТЕЛ: Граѓаните реагираат на најавите за двојазичност и редефинирање на државата со кои се натпреваруваат Заев и Ахмети

За граѓаните понудата на Заев за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија е неприфатлива.

Лидерот на СДСМ уште пред неколку месеци најави дека во замена за албанските гласови на изборите во декември е подготвен да воведе двојазичност на целата територија на Македонија
Во борбата за албанските гласови, лидерот на ДУИ, Али Ахмети понудата на Заев ја прифати со раширени раце и дополнително ја надгради. Ахмети учеството во новата влада сега освен со двојазичност на целата територија го условува и со воведување на принцип на консезуалност при одлучувањето и промена на името за влез во НАТО.

Ваквите позиции на СДСМ и ДУИ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги најави уште на партискиот митинг одржан пред неколку недели и побара поддршка за да им застане на патот.

До изборите во декември има уште помалку од 40 дена. Во тој период, експертите очекуваат ДУИ да ја засилува националистичката реторика, а СДСМ, како што велат во надеж дека Албанците ќе им ги подобрат позициите, да ја шират својата понуда на штета на македонските национални интереси.

 
 
02.11.2016 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега