Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски

Даут Динарица лице осудено за насилство, предизвикување на тепачка користејќи оружје. До 26.08.2016 година издржувал казна според 236 член 3 за кражба на предмети односно тешка кражба од големи размери кои според КЗ предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Екстрадиран од Шпанија, пишува Курир.

Динарица е осуден со затворска казна за тешка кражба на паркингот на ЈП за стопанисување со деловен простор на Република Македонија, во период кога Диме Спасов е заменик директор во ова Јавно претпријатие.

Тој во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот.

Динарица е човекот на кој се повикуваат опозициските медиуми, за да се демантира она што Диме Спасов го кажа во интервју.

doce-vele

 

„Се што кажа Диме Спасов во вчерашниот тв – настап е лага, тврди во изјава за ДВ, Даут Динарица, еден од сопатниците во возилото „пасат“ кое било удредно од возило марка „туарег“, што ноќта на 28 октомври го управувал заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.“-пишува Дојче Веле.

Не е прв пат, зад техничкиот министер Оливер Спасовски да застануваат криминалци со дебели досиеја. Јавноста знае дека токму криминалците се оние кои што им го чуваат „грбот“ на опозициските функционери.

Апсурдно е што и покрај видеото кое беше објавено на Сител, на кое јасно се гледа дека нема никаков физички контакт помеѓу автомобилите на Спасов и „пасатот“, опозициските медиуми под водство на СДСМ, пренесуваат и се повикуваат на исказ на осуден криминалец.

Јавноста има очи и уши, не е ниту слепа ниту глува, па ваквите сценарија организирани од опозицијата не поминуваат кај нив.

 
 
04.11.2016 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега