КУРИР: Кој друг се следи од полицијата на СДСМ?

Грозоморната криминално-полициска местенка на Диме Спасов е само еден од примерите кои се одговор на прашањето „До каде се спремни да одат Заев и Спасовски“?, прашува КУРИР.МК

СДСМ и Зоран Заев “обезглавено“ бараа позиции во полицијата, а нивната цел стана веднаш видлива, тие почнаа со злоупотреба на институциите за партиски цели. Зад плаштот на борбата за демократија и слобода, челниците на СДСМ ја узурпираат слободата и ја газат демократијата.

Очигледно е како Спасовски го партизираше МВР, вработувајќи свои луѓе. Уште поскандалозно за јавноста беше вработувањето на криминалци со дебели досиеја, со кои Спасовски очигледно одлично соработува, па и вчера за случајот со Спасов, застана во нивна одбрана.

Со големо право, во јавноста се отвора дилемата дека има партиска полиција чија цел е да следи повеќе лица. Во опасност се сите кои не мислат како СДСМ, а оваа партија е подготвена да следи и да се одмаздува на политичари, професори, аналитичари, доктори и бизнисмени.

Иако станува збор за огромен скандал, граѓаните и експертите воопшто не се изненадени од ваквото однесување на СДСМ. Криминално-полициските местенки на СДСМ и Заев имаат и позадина и подолга историја.

nikola-srbov

 

Се отвара прашањето дали СДСМ преку свои структури во МВР и во подземјето располага со некаква партиска полиција која треба да ги гони и да ги мести сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ и сите неистомисленици на Социјалдемократите?- вели Никола Србов во изјава за КУРИР.

– Во изминатиот период бевме сведоци на разни креирани случаи од страна на кадри внатре во МВР кои беа под директна контрола на Оливер Спасовски. Во медиумите се појавија индиции дека бил следен Сашо Мијалков и дека вработени во МВР се обидувале да го набљудуваат неговиот дом. Имавме случај во кој Коста Крпач си го одзеде својот живот а во јавноста излегоа информации дека бил под силен притисок на СЈО и алфите кои ги контролира Оливер Спасовски. Се наметнува прашањето кој сѐ друг е во опасност од ваквите криминални конструкции од страна на Заев и СДСМ. Кога на ова ќе се додаде и Чаушот со неговата „фабрика“ за лажни патни исправи со цел да се искреира лажна слика за цел изборен процес, тогаш сфаќаме дека Заев располага со добро организирани подземни структури кои се во функција на СДСМ. Сведоци сме дека во предизборната кампања на СДСМ се вклучени десетина поранешни шевови на службите за државна безбедност, вклучени се разознавачи кои претпоставувам имаат искуство со монтирани полициски случаи. Кампањата на СДСМ ја водат полициски структури и дел од тие луѓе ги гледаме рамо до рамо со Зоран Заев на протестите на СДСМ. Доколку вакви случаи се креираат пред почетокот на кампањата за престојните избори, не би ме изненадило СДСМ да ја злоупотреби полицијата и на самиот ден на изборите со цел да се фрли дамка врз целиот процес при нивниот се поизвесен пораз на изборите, вели Србов.

mitko-cavkov-3333

Чавков предупреди: Можно е СДСМ повторно да ги употреби партиските војници во МВР за незаконски активности

Незаконското ангажирање на припадници на Алфите можеше да предизвика несогледливи последици, тврди директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во интервју за неделникот Република.

Тој не ја исклучува можноста од нивно повторно користење при нови обиди за предизвикување инциденти и предупредува дека овие 140 незаконски распоредени партиски војници на СДСМ претставуваат опасност и ризик по функционирањето на полицијата.

Оваа изјава Чавков ја даде пред случувањата со Диме Спасов.

-Спом­нав де­ка са­мо­то ан­га­жи­ра­ње на не­кол­ку ти­ма од еди­ни­ца­та „Ал­фи“, не са­мо што е не­за­кон­ски, ту­ку во кон­крет­ни­от слу­чај е над­вор од здра­ви­от раз­ум и опас­но со мож­но­сти за не­пред­вид­ли­ви пос­ле­ди­ци за­тоа што нив­ни­от ко­ман­дант, до не­о­дам­на истра­жи­тел во СЈО, ба­рал да би­дат во­о­ру­же­ни со авто­мат­ски пу­шки. Со си­гур­ност зна­е­ме де­ка нив­ни­от ко­ман­дант и на­чал­ни­кот на СВР Скоп­је, исто та­ка до не­о­дам­на истра­жи­тел во СЈО, не са­мо што би­ле во тек ту­ку не наш­ле за це­лис­ход­но да ме ин­фор­ми­ра­ат ме­не ка­ко ди­ре­ктор на Би­ро­то за јав­на без­бед­ност. По мо­ја­та ре­ак­ци­ја кон на­чал­ни­кот на СВР Скоп­је, исти­те та­ка об­ле­че­ни со тре­нер­ки вед­наш беа пов­ле­че­ни. За тоа, се раз­би­ра, ќе има од­го­вор­ност, но мо­рам да ја иско­ри­стам оваа при­го­да за да ја ин­фор­ми­рам ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка во ид­ни­на не иск­лу­чу­вам не­за­кон­ски ан­гаж­ман на пар­ти­ски вој­ни­ци кои се рас­по­ре­де­ни во еди­ни­ца­та „Ал­фи“ и да по­со­чам на опас­но­ста и ри­зи­ци­те по функ­ци­о­ни­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја пре­ку око­лу 140 пар­ти­ски вој­ни­ци кои се рас­по­ре­де­ни не­за­кон­ски, од пр­ви­от до пос­лед­ни­от. За сре­ќа, се­пак, тоа е ма­ла број­ка нас­про­ти око­лу 9.000 про­фе­си­о­нал­ци и ка­ква ште­та и да на­пра­ват, се­пак има­ме из­гра­де­но ин­сти­ту­ци­о­нал­ни и си­стем­ски ка­па­ци­те­ти кои оваа ма­ла гру­па пар­ти­ски вој­ни­ци не мо­жат да ги до­ве­дат во пра­ша­ње. Се­пак, мо­рам да подв­ле­чам де­ка са­мо­то не­за­кон­ско рас­по­ре­ду­ва­ње и не­за­ко­ни­то­ста во нив­но­то ра­бо­те­ње ќе оста­ви дла­бо­ки луз­ни по си­сте­мот, среќ­на­та окол­ност се, ќе по­вто­рам, из­гра­де­ни­те си­стем­ски ка­па­ци­те­ти кои мно­гу па­ти се по­твр­де­ни во ми­на­то­то и са­ми по се­бе прет­ста­ву­ва­ат бра­на пред тен­ден­ци­и­те за гру­бо кр­ше­ње на за­кон­ски вгра­де­ни­те стан­дарди, вели Чавков.

 
 
04.11.2016 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега