Млади лица тешко повредени во сообраќајка во Куманово

Во 21 часот и 50 минути во Куманово на раскрсницата од булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ и булеварот „Октомвриска Револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Ровер“ управувано од 18-годишниот А.Ј.  од Куманово и „Шкода Октавија“ управувана од 24-годишниот М.С. исто така од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во „Ровер“ 19-годишната С.С. од Куманово, на која и била укажана лекарска помош во Медицински Центар-Куманово, по што била препратена во Ургентен Центар-Скопје.

А.Ј, М.С. и сопатниците во  „Шкода Октавија“ А.Д.(28) и М.Т.(25), сите од Куманово, по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар во Куманово се задржани на лекување.

 

 
 
05.11.2016 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега