Катица Јанева не е единствена со книшка од СДСМ од 2003/2004-та

 

Откако во медиумите излезе фотографија од членската книшка на Катица Јанева од СДСМ, опозициската партија и медиумите под контрола на СДСМ/Сорос се обидоа да ја одбранат иако четири дена молчеле и не давале одговор: Чија е членската книшка со број 038196, пишува Курир.

Единствената одбрана е дека таа како Специјален јавен обвинител не смеела да биде член на политичка партија.

Проверувајќи ги овие аргументи, Курир утврди дека Јанева не е прва во фелата со членска книшка на СДСМ.

katicajaneva

Уште во 2008-та година, медиумите отворија голема афера со Претседателот на Штипскиот суд, Миланчо Рамбабов кој на 21-ви април 2003-та година се зачленил во партијата.

Уште поинтересен е фактот што сега Катица Јанева ја вработува токму неговата ќерка Катерина Рамбабова, чија мајка беше кандидат за пратеник на СДСМ.

– Претседателот на Основниот суд Штип Миланчо Рамбабов има членска книшка на Социјалдемократскиот сојуз. Тој се зачленил на 21 април 2003 година, кога СДСМ беше на власт. Се зачленил, најверојатно, во централата во Скопје, а му се потпишал Санде Џамбазовски, тогашен државен секретар во Министерството за земјоделство, претседател на општинската организација на СДСМ од Штип, но и извршен секретар на партијата. Во моментот кога судијата Рамбабов станал член на партија, според тогашниот Закон за судови, тоа било основа за разрешување на судијата. Но место да биде казнет, тој добил унапредување, и по една и пол година бил избран за претседател на Судот,пишуваа тогаш медиумите.

 
 
05.11.2016 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега