Тинејџер пронајден во безсознание во Скопската Чаршија - се бори за живот

Осумнаесет годишно момче се бори за живот на КАРИЛ откако било претепано во Стара скопска чаршија. Анонимен граѓанин ноќта во саботата пријавил дека машко лице лежи во безсознание на улицата „Битпазарска“ во Стара скопска чаршија, а полицијата утврдила дека се работи за 18-годишниот К.С. од скопско Визбегово.

Со возило на итна медициска помош К.С. бил пренесен во Ургентниот центар каде е хоспитализиран на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување и се наоѓа во животна опасност.

Според информациите од полицијата К.С. бил физички нападнат од две лица на возраст од 14 години. 

 
 
07.11.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега