Самоубиство во Македонија: Си пукал во главата
Педесет и шестгодишниот тетовец Џ.Д, вчера околу пладне се самоубил во семејната куќа пукајќи си со пиштол во главата.
-Самоубиството се случило во просторија на катот, а застрелан го пронашле најблиските и со знаци на живот го пренеле кон тетовската клиничка болница.Но, на пат за болница им подлегнал на задобиените повреди, информираат од СВР Тетово.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид, пронајден е пиштолот „ЦЗ-М57“, калибар 7, 62 милиметри од кој најверојатно е пукано, како и други траги кои ќе се вештачат, а по наредба на јавниот обвинител врз безживотното тело на Џ.Д. ќе се изврши обдукција.
Од СВР Тетово информираат дека се расветлуваат мотивот, околностите и се друго поврзано со овој случај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа