Битола: Со пиштоли и ножеви ги разбудиле од спиење

Во селото Горно Оризари во битолско, две непознати лица, преку балконската врата влегле во домот на 78-годишниот М.И. и извршиле разбојништво.

Според информациите од македонското МВР, насилниците со пиштол и нож им се заканиле на битолчанецот и неговата сопруга, кои се разбудиле од сон, и го нападнале М.И. удирајќи го во пределот на главата, нанесувајќи му телесни повреди.

Крадците си заминале со златниот накит, мобилен телефон и 2.000 евра, стекнувајќи се со 180.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
08.11.2016 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега