Голема акција на македонската полиција: Запленета голема количина марихуана
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица од кои двајца се македонски државјани, еден е државјанин на Албанија и еден е од Косово.
Кај осомничените лица се пронајдени над 100 килограми наркотична дрога марихуана, наменета за Турскиот нарко пазар.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор за четирите лица. Предлогот со Решение на судот е прифатен и е изречен притвор од триесет дена за секој од осомничените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа