Збогум СДСМ: Високи функционери бараат место во другите партии

Луѓе кои извршувале високи функции во СДСМ и луѓето од нивната партиска мрежа деновиве барале средби со раководни лица од другите социјал-демократски политички опции во Македонија за да ги испитаат своите опции, откако од страна на претседателот Заев и раководството на СДСМ беше пратена пораката дека за нив веќе нема место во тимот кој ќе го раководи СДСМ.

 

„По објавувањето на листите на сите им стана јасно колку е часот во СДСМ. Заев и Шекеринска си ја приватизираа партијата, се пресметаа со оние кои гинеа за нив од неразбирливи причини, со луѓето кои го носеа товарот овие две години. Сега на листите се појавуваат имиња кои со ништо не придонеле во партијата, ниту се членови на СДСМ, глумат независни интелектуалци и велат дека не сакаат да земат членска книшка од партијата, ниту откако се најдоа на листите. Срамно е ова што се случува“, вели нашиот добро упатен извор за состојбите во СДСМ. 

Според него, неколку еминентни имиња од СДСМ, од последниот но и од собраниските состави од минатото, веќе започнале да ги отвораат комуникациските линии со СДПМ. Информацијата ја потврдија и од партијата на Јаневски но не изнесуваат повеќе детали.

„Ова е реалност и нема друг избор. На Бихаќка не ги сакаа, а луѓето имаат што да кажат, имаат реноме, искуство и сработено зад себе. Сигурно нема да се пензионираат и да гледаат како некојси измислени херои кои фрлаа балони со боја, занемени интелектуалци или довчерашни коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ ќе седат на нивните места во парламентот“, додава нашиот извор.

Тој вели и дека е сосема реално да се очекува истото да се случи и со високи функционери на НСДП кои ќе извисат на листите за пратеници за овие избори. Тито Петковски во неколку наврати упатуваше јавни пораки до Заев дека „ако крати, треба да крати од своите места“ кога е во прашање отстапувањето места на т.н. граѓански организации на листите на опозицијата. На крај Петковски си легна на брашното, но тоа не може да се очекува и од оние кои ќе останат „со прстот во уста“ после пазарот на Заев и Петковски.

 

 

 
 
10.11.2016 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега