Временска прогноза за утре која нема да ви се допадне - минусни температури во Македонија

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до нула, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во среда ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневната температура. Утрата и во наредните денови ќе бидат студени, особено во среда кога температурите насекаде ќе бидат под нулата и ќе се движат од минус осум до нула, а дневната највисока температура од пет до 12 степени. Во наредните денови дневната температура ќе биде во пораст. 

 
 
14.11.2016 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега