Обновување на возниот парк - реконструкција на Македонски железници и транспорт

Јавното претпријатие – Македонски железници транспорт ќе добие целосно обновување на возниот парк. Според планот ќе бидат набавени вкупно 5 нови возови, 3 дизел и 2 електро моторни возови. Инвестицијата де вредна 22 ,5 милиони евра. Во инвестицискиот план се и дополнителни 7 милиони евра за набавка на три електрични локомотиви , кои ќе придонесат за поефикасен траспорт.

Инаку обновата на возниот парк на државната фирма започна со потпишувањето на договорот помеѓу македонската влада и кинеската коорпорација ЦСП во 2014 година  за набавка на најсовремени гарнитури за патнички возови. Тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека проектот е вреден околу 50 милиони евра.

Од нив 25 милиони за набавка на патнички вагони, 15 милиони за товарни и 10 милиони за рехабилитација на старите гарнитури на возови. Со  овој договор се набавија четири дизел-моторни гарнитури и две електро-моторни гарнитури во рамки на Проектот за обнова на возниот парк на „МЖ Транспорт“. Новите патнички гарнитури  имаат капацитет од околу 1.200 патници, целосно се климатизирани, опремени со вакуум-тоалети, енергетски ефикасни и  ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите на превоз на лица со ограничена мобилност

Според надлежните со овој потек железничкиот сообраќај во земјава свртува нова страница, а граѓаните на земјава ќе добијат поквалитетен и поефикасен превоз со модерни возови.Ваква инвестиција во железничкиот сообраќај немало близу 40 години истакнаа на потпишувањето тогашните  ресорни министри.

 
 
14.11.2016 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега