Пратеникот Александар Николоски амбасадор во Брисел
Пратеникот Александар Николоски кој неодамна доби агреман, се очекува по констатирање на Собранието, да стапи на функцијата Амбасадор на Република Македонија во Мисијата на ЕУ во Брисел. Тој го зазема местото на Андреј Лепавцов.
Николовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, но и претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија и собраниската делегација во Парламентарното Собрание на Франкофонијата.
16.11.2016 - 10:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа