Млад кумановчанец се самоуби фрлајќи се од “мостот на смртта“
25 годишно момче од Куманово денеска се самоубило скокајќи од Искрин мост на реката Пчиња на магистралниот пат Куманово - Свети Николе.
Според порталот Кумановоњус, момчето утрово се фрлило од 30 метарскиот мост, кој кумановчани го нарекуваат и “мост на смртта“, бидејќи од него се самоубиле голем број на луѓе.
Полициските екипи вршат увид на местото на настанот, пишува порталот Кумановоњус.