Во „Швајцарија на Балканите“ на Заев, ќе нема Македонци и Македонија

 

Зоран Заев ја користи најопасната реторика во историјата на плурализмот на Македонија, која може да резултира со уништување на македонската држава и идентитетот на македонскиот народ. Вака политичкиот аналитичар, Никола Србов, во интервју за Прес24, ја оценува политиката што Заев ја заговара во овој изборен процес. За Србов особено скандалозна е идејата за Швајцарија на Балканот.

- Доколку сака да спроведе швајцарски модел тогаш Заев или ќе треба да го смени името на државата со кое нема да се поистоветува ниту еден етникум од така кантонизираната држава, или да го промени идентитетот на Македонците преку јазикот. Во вториот случај, државата би се викала Република Македонија во која живеат Албанци и Македонци (со тоа што Заев би не прекрстил) и официјални јазици би биле албанскиот и оној нашиот, македонскиот, кој Заев би го преименувал, ете тоа е Швајцарија на Балканот. Дури и старата идеја за Швајцарија на Балканот се темели на овие основи, во Македонија да живеат Срби, Бугари, Грци, Албанци, итн. поделени по кантони и сите овие јазици да бидат официјални во зависност од кантонот. Па да го запрашам Заев, дали ние ќе бидеме Бугари во овој случај? Звучи опасно, но мора да се објасни на јавноста што се крие зад ветувањата на Заев, вели Србов во инетрвјуто.

Србов потенцира дека кантонизација, како идеја на Заев е стадиум пред физичка поделба на Република Македонија.

-После административната територијална поделба која ја извршија претходниците на Зоран Заев, ова би било де факто исцртување на границата од што нема враќање назад, се ќе води кон поделба на Македонија и припојување на териториите кон соседните држави. Само да потсетам, не само Албанија, аспирации врз оваа територија има и Грција која уште во проектот наречен „Мегали идеја“ има зацртано дека Битола, Гевгелија, и други градови треба да влезат во состав на грчката држава. Покрај Грција се наоѓаат и Бугарија и Србија, кои сѐ уште имаат соништа за реализирање на нивните големодржавнички соништа на сметка на територијата на Република Македонија. И кога сето ова вака ќе го приложиме лесно доаѓаме до заклучок кој е виновен за негирањето на Македонија и Македонците, но за жал Зоран Заев ни соопшти дека ние Македонците сме биле виновни за апетитите кои ги имаат соседните држави кон Македонија и Македонците. Ние сме биле виновни што Грција се стреми да исчезнеме од политичката мапа и работи на тоа преку спорот кој го води за нашето уставно име, ние сме биле виновни што Бугарија се стреми кон наше исчезнување од картата на народите и јазиците и работи на тоа негирајќи ја нашата култура и јазик низ светот, ние сме виновни што Србија ни го одзема правото на сопствена црква кое канонски ни припаѓа, или ние сме виновни што во 2001 година бевме нападнати со цел да се отцепат територии од нашата држава. Заев ем не прогласи за виновни, ем сака да се затвори македонското прашање по мерка на соседните држави. Игра многу опасна игра, за македонското прашање низ историјата избивале регионални војни, вели Никола Србов во интервјуто за Прес24

ПРЕС24: Лидерот на опозицијата Зоран Заев со последните настапи, покажа дека изјавите за двојазичност, за редефинирање на уставниот поредок на државата не се инцидентна политичка реторика, туку јасна политичка агенда на СДСМ. Каква порака носат последните настапи на Заев?

СРБОВ: Ова е најопасната реторика од воведувањето на плурализмот во Република Македонија, ваквите настапи на првиот човек на втората по големина политичка партија во Македонија се опасност еднаква на војна која со истите тој може и да ја предизвика. Го урива Уставот на државата, бара надградба на еден Рамковен договор до кој се стигна преку војна во државата, со ветувањата кои ги нуди и бара поддршка од надвор за истите го урива суверенитетот на Република Македонија. Мислам дека ни најрадикалните албански кругови не помислиле на вакви барања, барем не сега, кога Рамковниот договор е преточен во Уставот и е целосно спроведен. Ја поткопува државноста, го крева влогот за поголема т.н. „позитивна дискриминација“ во иднина преку која ќе се врши уште посилна дискредитација на квалитетот на сметка на кадрите од одредена етничка припадност. Позитивната дискриминација која до сега е нешто најпогубно за Република Македонија, а истата ја добивме по војната во 2001 година, во иднина може да се продлабочи заради кревањето на летвичката од страна на Заев преку која нереално би растеле апетитите на Албанците во Македонија.

ПРЕС24: Има ли симболика што овие јасни пораки беа испратени од Швајцарија, влечејќи паралела, за кантонизација, двојазичност. Не мислите ли дека овие изјави имаат и подлабоки пораки, кои одат до името на државата?

СРБОВ: Првенствено зборува за Швајцарија на Балканот, претпоставувам што значи Швајцарија и какво е нејзиното уредување, во таа држава имаме Германци, Французи и Италијанци, додека германскиот, францускиот и италијанскиот јазик се официјални јазици зависно од кантонот во кој се наоѓате, во Швајцарија нема етникум Швајцарци. Ова е толку опасно што не води кон следниот заклучок дека, Заев би ја конституирал Македонија во неколку кантони во кои македонскиот и албанскиот јазик ќе бидат официјални јазици, но има еден проблем, а тоа е поврзаноста на Македонците со името на државата Република Македонија. Доколку сака да спроведе швајцарски модел тогаш Заев или ќе треба да го смени името на државата со кое нема да се поистоветува ниту еден етникум од така кантонизираната држава, или да го промени идентитетот на Македонците преку јазикот. Во вториот случај, државата би се викала Република Македонија во која живеат Албанци и Македонци (со тоа што Заев би не прекрстил) и официјални јазици би биле албанскиот и оној нашиот, македонскиот, кој Заев би го преименувал, ете тоа е Швајцарија на Балканот. Дури и старата идеја за Швајцарија на Балканот се темели на овие основи, во Македонија да живеат Срби, Бугари, Грци, Албанци, итн. поделени по кантони и сите овие јазици да бидат официјални во зависност од кантонот. Па да го запрашам Заев, дали ние ќе бидеме Бугари во овој случај? Звучи опасно, но мора да се објасни на јавноста што се крие зад ветувањата на Заев.

Кантонизација е стадиум пред физичка поделба на Република Македонија, после административната територијална поделба која ја извршија претходниците на Зоран Заев, ова би било де факто исцртување на границата од што нема враќање назад, се ќе води кон поделба на Македонија и припојување на териториите кон соседните држави. Само да потсетам, не само Албанија, аспирации врз оваа територија има и Грција која уште во проектот наречен „Мегали идеја“ има зацртано дека Битола, Гевгелија, и други градови треба да влезат во состав на грчката држава. Покрај Грција се наоѓаат и Бугарија и Србија, кои сѐ уште имаат соништа за реализирање на нивните големодржавнички соништа на сметка на територијата на Република Македонија. И кога сето ова вака ќе го приложиме лесно доаѓаме до заклучок кој е виновен за негирањето на Македонија и Македонците, но за жал Зоран Заев ни соопшти дека ние Македонците сме биле виновни за апетитите кои ги имаат соседните држави кон Македонија и Македонците. Ние сме биле виновни што Грција се стреми да исчезнеме од политичката мапа и работи на тоа преку спорот кој го води за нашето уставно име, ние сме биле виновни што Бугарија се стреми кон наше исчезнување од картата на народите и јазиците и работи на тоа негирајќи ја нашата култура и јазик низ светот, ние сме виновни што Србија ни го одзема правото на сопствена црква кое канонски ни припаѓа, или ние сме виновни што во 2001 година бевме нападнати со цел да се отцепат територии од нашата држава. Заев ем не прогласи за виновни, ем сака да се затвори македонското прашање по мерка на соседните држави. Игра многу опасна игра, за македонското прашање низ историјата избивале регионални војни.

ПРЕС24: Искуството во последните 25 години покажа дека Македонија има сериозен проблем со т.н. тајни безбедносни структури. Последен пример е прислушувањето што го обелодени Заев. Во што е проблемот да се стават овие служби во контрола и да  бидат она за што и постојат, недостаток на политичка волја, или пак нелојаност на одредени структури во тие служби?

СРБОВ: Кога зборуваме за безбедносните служби малку се вулгаризира нивната работа но тоа се должи на фактот дека на јавноста од 2000 година започна да и се приложува нешто со што претходно биле запознаени само научните кругови и безбеднонсите структури. Основната задача на службите, и во Југославија, и во Македонија, била да ја штитат унитарноста и суверенитетот на државата, но проблемот е во тоа што овие структури биле користени за следење на политичките неистомисленици и на идеолошките противници. На ваквата ситуација може да и се стави крај само доколку се расчисти со кадрите кои не го работеле она за што биле поставени туку работеле за ништење на политичкиот противник, и на нивно место да се постават луѓе кои одговорно и совесно ќе ја работат работата за која се поставени, да ја чуваат Република Македонија.

ПРЕС24: Веќе сме во напредна фаза од изборниот процес, пред почнување на кампањата. Јавноста очекува жестока кампања. Што очекувате вие во тој процес?

СРБОВ: Кампањата е големото финале, она што две години се случува во државата сега мислам дека ќе го доживее својот зенит, сето тоа спакувано во 20 дена. Јас се надевам дека ВМРО ДПМНЕ ќе има доволно простор да ги презентира своите проекти кои ги има зацртано во програмата. Зошто велам, се надевам? Бидејќи СДСМ и Зоран Заев се во континуирани испади и црна кампања на која реагираат сите граѓани, ВМРО ДПМНЕ не може да остане нема кога противникот зборува за двојазичност и надградба на Рамковниот договор.

Од друга страна, фактот дека СДСМ нема смислено ниту еден проект за водење на кампањата пред престојните парламентарни избори е доволен индикатор дека тие полагал надеж единствено во насилното преземање на власта во државата. Па така, ќе гледаме како една партија нуди проекти за граѓаните и друга партија која смислува црни сценарија одвлекувајќи го вниманието и исполнувајќи го она што го ветувала. На ваквите сценарија, онаа партија која ќе води конструктивна кампања, колку и да сака да остане на својот курс, таа ќе мора да одговори, не само што политичкиот противник го урива целиот предизборен процес, туку удира и на темелите на државата.

ПРЕС24: Како ги коментирате листите на владеачката ВМРО ДПМНЕ, а како на опозициската СДСМ?

СРБОВ: ВМРО ДПМНЕ излезе со освежени листи и носители кои одлично котираат, како на политичката сцена, така и внатре во партијата. Не би ги коментирал секој посебно, но имаат поставено докажани лидери во своите области и структури, луѓе кои имаат подолг стаж во партијата и се искачувале скалило по скалило.

Кај СДСМ гледаме носители на листи кои не се познати за јавноста а веќе имаат долг стаж со скандали позади себе и со форсирање на деструктивност.

Од една страна се наоѓа Радмила Шеќеринска, политичар кој нема извојувано ниту една победа во својата кариера, моментално ја гледаме како создава јадро од себе и внесувајќи нови лица на високи позиции, кои ќе ѝ бидат само на нејзе лојални, сака да си ја осигура иднината во партијата кога ќе се бара одговорност по поразот. Токму по инсистирање на Шеќеринска на листата се најдоа членовите на „шарената револуција“ и на „студентскиот пленум“, притоа оставила и свој препознатлив печат, наметнала луѓе со „педигре“, тоа е елитизмот кој госи Шеќеринска во партијата.

Од друга страна го имаме Зоран Заев кој исто така си поседува свое лично членство во СДСМ. Во борбата помеѓу Заев и Шеќеринска, кои се обидуваат да си создадат што подобри позиции во партијата за идни времиња, како жртва паѓа старото членство. Мислам дека после изборите на 11 декември во СДСМ ќе следи најтурбулентниот период до сега во таа партија, старото членство ќе си дојде по партијата.

ПРЕС24: На изборите ќе се тркаат и уште две коалиции, претежно десно-центристички. Која судбина им предвидувате?

СРБОВ: Не знам колку би можеле да повлечат гласачи личности како Павле Трајанов, Павле Богоевски или Јове Кекеновски, кои речиси и да немаат членство. Но сметам дека првите двајца од оваа коалиција, познавајќи ги нивните работни места од минатото, би можеле да допринесат во црната кампања на СДСМ.

ПРЕС24: Многумина велат дека Зоран Заев како лидер на опозицијата нема морален кредибилитет да се трка за функцијата Премиер, особено од позиција дека тој беше оној кој ги поседуваше телефонските разговори на илјадници граѓани, политичари... ?

СРБОВ: Зоран Заев е единствениот политичар, не во регинов, туку во светот, кој се гордее со тоа дека премногу „знаел“, како што вели тој, од прислушкувани разговори што е еднакво на воајерство. Заев треба „премногу да знае“ од книга за да води држава, а не од прислушкувани приватни разговори. Сака под уцена на поединци да се дограби до власт, тоа е рекетарство, не знам каде тоа виреат уште вакви политичари кои го рекетираат сопствениот народ. Ние не знаеме кој се е прислушкуван, не знаеме во кои цели биле користени тие снимки пред да почнат да ги објавуваат, еве само една дилема, што ако Зоран Заев преку тие снимки ја следел конкуренцијата во приватниот сектор и благодарение на информациите од прислушкуваните разговори добро котирал на тендерско наддавање или берза?

ПРЕС24: Што мислите дали Заев и денеска поседува копии од тие разговори, откако ги предаде во СЈО?

СРБОВ: Видовме дека и по предавањето на снимките во СЈО на интернет беа поставувани прислушувани разговори, тоа е доволен доказ дека постојат копии од прислушкуваните разговори. Да не забораваме дека Заев имаше создадено цела фабрика за фалсификувани патни исправи, дека луѓе од подземјето стоеа рамо до рамо со Зоран Заев, претпоставувам дека копии има, но како и за што ќе бидат тие користени ќе видиме, само се надевам дека по изборите МВР сериозно ќе се позанимава со ова прашање и ќе спроведе некоја акција тие да бидат уништени.

ПРЕС24: Очекувате ли злоупотреба на прислушувани материјали во изборната кампања?

СРБОВ: Заев соопшти во јавноста дека ги предал сите снимки, Катица Јанева го потврди тоа, е сега, доколку за време на кампањата излезе макар една снимка од прислушкуваните разговори, одговорноста треба да се бара во СЈО. Тогаш СЈО ќе треба да одговори како од нивните простории протекуваат снимки кои опозицијата ги пушта во јавност. За такво нешто, покрај Заев, директен виновник ќе биде и Катица Јанева со својот тим.

ПРЕС24: Како  ќе изгледа Македонија на 12 декември?

СРБОВ: Република Македонија ќе влезе во процес на стабилизација, тоа нема да биде веднаш, ќе биде еден процес за општеството да се врати во нормала. Се поизвесно е дека ВМРО ДПМНЕ ќе ја однесе победата на престојните избори, но исто така се поизвесно е дека СДСМ ќе сака да ја продолжи кризата во Република Македонија. Покрај тоа што повторно ќе гледаме разни протести, какви што сега гледаме во САД, друг проблем ќе биде составувањето на Влада со албанска партија бидејќи Заев ги крена барањата кои одат надвор од Рамковниот договор. Затоа можеби ќе гледаме и превирања во тој сегмент, ќе има барања да се отвори Уставот и да се прават измени во истиот бидејќи Заев јавно нуди редефинирање на државата, ја крена цената за составување на новата Влада без разлика која партија ќе ја составува.

 

 
 
20.11.2016 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега