Трајковски: СДСМ ги потврди срамните ветувања на аболицираниот Заев

 

Прашањето на заштита на националните интереси и одбрана на Република Македонија е егзистенцијало прашање, прашање на опстанок на македонскиот народ. Тоа никогаш не било и нема да биде прашање за пазарење, поврзано со избори или какво било прибирање на ситни политички поени. За ова прашање своите животи ги жртвуваа илјадници Македонци, вели Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ.

во продолжение интегрален текст од прес конференцијата на Трајковски

Прашањето да се биде или не, да се заштити независна и суверена Република Македонија за ВМРО ДПМНЕ секогаш било и ќе остане врвен приоритет, без разлика дали има избори или нема. Без разлика дали одбраната на националните интереси значи губење политички поени или критики од одредени кругови.

Тоа што СДСМ го стори вчера во соопштение до јавноста беше признание дека редефинирањето на уставот, воведувањето двојазичност и федерализација партијата го третира како предизборен проект ветен во замена за неколку стотици албански гласови.

Тоа што СДСМ го стори вчера беше потврда за срамните ветувања кои аболицираниот Зоран Заев ги даде пред албанската дијаспора во Швајцарија.

СДСМ вчера побара граѓаните на Република Македонија да не дознаат, односно да не бидат информирани за пазарењето со највисоките национални интереси од страна на нивниот лидер, аболицираниот Зоран Заев. СДСМ побара медиумите да не известуваат дека аболицираниот Заев пред албанската дијаспора призна дека тој бил човекот што храбро го отворил прашањето на двојазичноста и храбро одлучил да поставува двојазични табли на штабовите на СДСМ. СДСМ им се закани на медиумите да не објавуваат дека аболицираниот Заев на албанската дијаспора и вети дека рамката на Охридскиот договор не била доволна и дека тој ќе ја проширувал, на линија на ветувањата за менување на Уставот. СДСМ вчера побара до граѓаните да не стигне информацијата дека Зоран Заев ја обвини Македонија дека во нас е проблемот за сите отворени спорови со соседите, вклучувајќи го и спорот за името со Грција.

Господа од СДСМ, треба да се срамите од Вашата политика и од антидржавните ветувања на вашиот лидер. Доколку сте искрени и доколку чувствувате барем малку одговорност кон македонскиот народ, тогаш ќе се оградите од изјавите кои што ги дава аболицираниот Зоран Заев, а нема да се заканувате по медиумите и да ги заплашувате за да не пренесат што ветувал Заев на албанската дијаспора.

 

 
 
20.11.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега